Вонреден инспекциски надзор во Град Скопје
![](http://dils.gov.mk/wp-content/uploads/2021/03/fotot-qyteti-i-shkupit-768x576.jpg)
На ден 15.03.2021 година, инспекторите од Државниот инспекторат за локална самоуправа, во согласност со годишниот и месечниот план за работа на Државниот инспекторат за локална самоуправа, извршиjа вонреден инспекциски надзор во Град Скопје, каде што остварија средба со Претседателот на советот на Град Скопје и Раководителот на секторот за поддршка на градоначалникот.
Од извршениот вонреден редовен надзор се констатираше дека Град Скопје на време и во рокот предвиден со закон ги испраќа објавените службени гласници до Државниот инспекторат за локална самоуправа.
Државниот инспекторат за локална самоуправа ги задолжи да продолжат со истиот принцип на работа и во иднина, им даде конкретни упатства за понатамошна работа.