Директорот на ДИЛС, Ферди Шабани ви го честита празникот 28 ноември

Директорот на Државниот Инспекторат за Локална Самоуправа, Ферди Шабани на сите Албанци им честита по повод на 111-годишнината од независноста на Албанија.

Во мое име и на мои колеги од Државниот Инспекторат за Локална Самоуправа, испраќам искрени честитки до сите мои сограѓани Албанци, за албанскиот национален празник, 28 Ноември – Денот на знамето и Денот на независноста.

Со посебна почит, го одбележуваме Денот на знамето и сите оние кои се жртвуваа и ни ја донесоа идејата да бидеме слободни и горди. 28 ноември останува симбол на издржливоста и решителноста на албанскиот народ.

Посакувам сите заедно да продолжиме во ова патување кон остварување на нашите заеднички стремежи.