Вонреден инспекциски надзор во општина Арачиново

Инспекторите од Државниот Инспекторат за Локална Самоуправа извршија вонреден инспекциски надзор во седиштето на општина Арачиново, согласно годишниот и месечен план за работа на Државниот Инспекторат за Локална Самоуправа.

Директорот на Државниот Инспекторат за Локална Самоуправа вон придружба на Виш инспектор Рахим Муслиу и помлад инспектор Меметаки Реџепи во средбата со граданачалникот во Општина Арачиново, г-дин Ридван Ибраими беше разговарано за понатамошната соработка на ДИЛС со органите на оптшина Арачиново, граданачалникот и советот.

Од страна на градоначалникот на општина Арачиново беа дискутирани функционирањето, развојот и проблемите со кои се соочуваа Општина Арачиново.

Од страна на директорот на Државниот Инспекторат за Локална Самоуправа, г-дин Ферди Шабани, беше ветено подршката и понатамошна координација меѓу двете институции.