Кооперативна работилница помеѓу ОБСЕ и ДИЛС

Државниот инспекторат за локална самоуправа во соработка со претставниците на ОБСЕ одржа четиридневна работилница во Маврово, на која дел од оваа работилница беа претседатели на совет и членови на општинските совети.

Сесиите на оваа работилница беа поделени во две групи, учесниците од првата група на 27-28 мај, учествуваа од Општина Град Скопје, Кисела Вода, Aрачиново, Демир Хисар, Дебар, Новаци, Куманово, Маврово.

Додека во втората група на 29-30 мај, учесници беа од општините: Ѓорче Петров, Прилеп, Кривогаштани, Битола и Општина Македонски Брод.

Во оваа работилница сесијата ја одржа г-ца. Илина Трајановска, инспектор за локална самоуправа во ДИЛС , каде што ја презентираше улогата на Државниот инспекторат за локална самоуправа и како да се подобри вертикалната координација помеѓу централното и локалното ниво.

Дел од оваа работилница беше и директорот на Државниот инспекторат за локална самоуправа, г-дин Ферди Шабани, каде што изрази посебна благодарност за поддршката од претставниците на ОБСЕ, г-дин Душко Тодороски и г-ѓа Маја Лазарова за успешната соработка, надевајќи се дека во иднина ќе реализираат
многу заеднички проекти.

Директорот на ДИЛС ги охрабри членовите на советот на општината дека ќе продолжи и понатаму комуникацијата и соработката со единиците на локалната самоуправа.