Директорот на ДИЛС, Ферди Шабани оствари работна средба со претставникот на ОБСЕ, Душко Тодороски
![](http://dils.gov.mk/wp-content/uploads/2024/03/f.2-1-768x570.jpg)
Директорот на Државниот Инспекторат за Локална Самоуправа заедно со Инспекторите Меметаки Реџепи и Илина Трајановска го пречека на средба претставникот на ОБСЕ, одговорен за локална самоуправа и децентрализација, г-дин Душко Тодороски.
На средбата се разговараше за активностите што ќе следат за реализација на соработката на ОБСЕ со Министерството за локална самоуправа и Државниот инспекторат за локална самоуправа.
Воедно на средбата се разговараше и за конкретни идни активности.