Сенад Амети денес и официјално ја превзеде должноста да раководи со Државниот Инспекторат за локална самоуправа

10.11.2020 – Денес во просториите на Државниот инспекторат за локална самоуправа, директорот во заминување, г-дин Сеад Садикоски изврши примо-предавање на должноста со новоназначениот в.д директор, г-дин Сенад Амети, при што го запозна со работата на институцијата, постигнувањата во текот на неговиот мандат, вработените, како и со предизвиците на институцијата со кои ќе се соочува во идниот период.

Досега, беше развиено  полето на меѓугранична соработка со институциите од соседството, беа реализирани 2 TAIEX-а, како и остварена меѓународна соработка со институции од Бугарија, Србија, Албанија и Босна и Херцеговина. Интензивна соработка беше остварена со ОБСЕ и УНДП, што резултираше со донации за опремување на инспекторатот со ИТ опрема и ново возило. Инспекторатот со свои претставници и предлози учествуваше во работилниците за новиот Закон за локална самоуправа, како и на останатите работилници од меѓународните и локалните организации од ова поле.

Во иднина останува простор за развивање и унапредување на институцијата, на нејзините законски надлежности, што претставува голем предизвик за новиот в.д директор г-дин Сенад Амети.