м-р Сенад Амети

Сенад Амети е магистер по право, роден е на 30. 07. 1989 година во Гостивар, основното училиште го завршил во О.У. „Мехмет Дерала“ во село Градец, средно училиште во „С.О.У. Гимназија Гостивар“, додека додипломските и постдипломските студии ги завршил на Универзитетот во Тетово.
Од 2017 е стекнат со стручен назив Магистер по право, а во 2019 година има положено и стручен испит, како што е Правосудниот испит.

Сенад Амети има работено како правник во адвокатска канцеларија и исто така и во правниот сектор на политичката партија Движење БЕСА.

Својата политичка кариера ја почнува во 2014 година, а во 2017 година е избран за член на Советот на Општина Врапчиште и истовремено претседател на Комисијата за правни работи на Советот на општината и член во неколку комисии.

Од 2018 година тој е исто така член на Централното претседателство на Движењето БЕСА. Пред да се приклучи во политиката, бил организатор и учесник на повеќе активности во граѓанскиот сектор на невладините организации.

Во ноември 2020 година од страна на Владата на Република Северна Македонија е именуван за Директор на Државен инспекторат за локална самоуправа

Сенад Амети има учествувано и на неколку обуки организирани од ИРИ-Меѓународен републикански институт, работилници, конференции.

Сенад Амети зборува 4 јазици – Албански, Македонски, Англиски и Италијански.

Тој е оженет и е татко на 2 деца.