Вонреден инспекциски надзор во општина Врапчиште

Вонреден инспекциски надзор во општина Врапчиште
Инспекторите од Државниот инспекторат за локална самоуправа на 13.07.2023 година, извршија вонреден инспекциски надзор во седиштето на општина Врапчиштe, согласно годишниот и месечен план за работа на Државниот инспекторат за локална самоуправа.

Државниот инспекторат за локална самоуправа постапува согласно надлежностите што ги поседува, врши надзор над законитоста на општинските акти како и постапката за нивно донесување, уредени во Законот на Државниот инспекторат за локална самоуправа.

Со увидот во работата на општина Врапчиште, констатирано е дека општината ги почитува законските одредби, како и законските рокови за доставување на службените гласници до Државниот инспекторат за локална самоуправа, кои се предмет на редовни надзори. а не се забележани пропусти во работата на орагните на Општината.