Работен сотанок, Директорот на ДИЛС со Министерот на МЛС

Директорот на Државниот инспекторат за локална самоуправа заедно со инспекторите беа во  работна посета во Министерството за локална самоуправа каде остварија средба со Министерот за локална самоуправа Горан Милески, Заменик министерот и Државниот секретар.

Тема на дискусија беше новонастаната состојба која се појави по локалните избори во однос на давањето свечена изјава од страна на новоизбраните членови на конститутивните седници на Советите на општините. Министерството за локална самоуправа ќе испрати известување до сите општини за насоки и укажување на правните последици, додека инспекторите за локална самоуправа ќе излезат на терен, првенствено да им  укажат на новоизбраните советници какви последици би настанале со потпишување на свечената изјава која не е во согласност со Уставниот Закон за спроведување на амандманите од XXXIII до XXXVI каде што јасно е наведено во член 3  дека постоечките официјални документи и материјали на јавната администрација за меѓународна  употреба и документите за внатрешна употреба кои може да се користат надвор од државата, ќе се усогласат со Амандманот XXXIII, односно употребата на придавката во однос на државата, државните органи и јавните институции во однос на други употреби согласно Конечната спогодба е во согласност со името на државата или со нејзиното скратено име и гласи “на Република Северна Македонија” или “на Северна Македонија”.