Државниот инспекторат за локална самоуправа, потпиша договор за соработка со Инспекцискиот совет, како дел од проектот „Развој на е-инспектор“

Државниот инспекторат за локална самоуправа, претставуван од директорот Африм Ќоку, потпиша договор за соработка со Инспекцискиот совет, како дел од проектот „Развој на е-инспектор“ кој има за цел електронската поддршка на инспекциските служби во Република Северна Македонија, каде што ќе се овозможи пристап за поврзување на средни корисници во единствена средина за електронска размена на податоци и документи. Од овој договор се очекува да им се помогне на инспекциските служби во развојот на процедурите за инспекциски надзор, обезбедувајќи им пристап до ажурирани и точни податоци во рамките на нивните законски овластувања.