Вонреден надзор во Општина Дебарца

Извршен е вонреден надзор од страна на инспекторите на Државниот инспекторат за локална самоуправа на ден 19.03.2021 година во општина Дебарца, во согласност со годишниот и месечниот план за работа на Државниот инспекторат за локална самоуправа, каде што се oствари средба со градоначалникот на Дебарца г-дин. Зоран Ногачески.
Со извршениот увид во работата на општина Дебарца, се констатираше дека Општината ги почитува законските одредби, како и законски определените рокови за доставување на службени гласници до Државниот инспекторат за локална самоуправа.