Вонреден инспекциски надзор во о.Лозово
Инспекторите од Државниот инспекторат за локална самоуправа на ден 22.01.2021 постапиле итно и вршиле вонреден инспекциски надзор во седиштето на о.Лозово, по барањето за произнесување до Државниот инспекторат за локална самоуправа.
По извршениот вонреден инспекциски надзор во о.Лозово и по сослушаниот став на Градоначалникот на, инспекциските служби кои се надлежни биле на увид во општината и постапиле по овој предмет. Исто така Градоначалникот ги стопирал сите дејствија (дисциплински постапки) кон административните службеници кои пријавиле мобинг. Пријавите за мобинг се однесувале кон Секретарот на општината, а не кон Градоначалникот поради што истиот е разрешен од функцијата секретар на о. Лозово. Од овој вонреден надзор е приложен записник од одржан состанок со вработените кои пријавиле мобинг.
Државниот инспекторат за локална самоуправа постапува согласно надлежностите кои ги поседува, вршење надзор над законитоста на прописите на општините како и постапката за нивното донесување, уредени со Законот за Државниот инспекторат за локална самоуправа. Се изврши увид во работат на о.Лозово и во целосната потребна документација, се констатираше дека општината ги почитува одредбите од наведените Закони, као и законски определените рокови за доставување на службени гласници до ДИЛС кои се предмет на редовни надзори, и не беше воочен пропуст во работат на општината.