Африм Ќоку

Африм Ќоку е  роден е на 15. 04. 1981 година во Охрид. Основното училиште го завршил во О.У. „Братство Единство“ во Охрид, средно училиште во „Нико Нестор” – “Струга“.Во 2007 Година се запишал на правен факултет во ЈИЕ-Универзитет,каде и дипломира во 2011 година.
Во 2018 година има положено  Правосудниот испит.

Од 2004 година,врабетен е во Основен суд Охрид,како помлад референт,Од 2011 година,како самостоен референт-раководител на Одделение за извршување на санкции. Во период од 2011 година до 2013 година бил член на Управен Одбор во ЈП Охридски Комуналец,од 2017 до 2018 година како заменик претседател на Управен одбор на ЈЗУ Општа Болница Охрид.

Како член на Здрузение на Судска Администрација и како претседател на подружница за ОС-Охрид од 2013   година активно учествуваа на неколку обуки,работилници,конференции, изготвување во врска со Законот за судска служба,како и во други проекти за јакнење на судството во соработка на проект од УСАИД.

Ги зборува-Албански, Македонски, Босански и Англиски јазик.

Во 28.01.2022 година од страна на Владата на Република Северна Македонија е именуван за ВД Директор на Државен инспекторат за локална самоуправа

Тој е оженет и е татко на 2 деца.