Средба со Претседателката на Сојузот на Стопански комори

Средба со Претседателката на Сојузот на Стопански комори

На ден 10.03.2021 година, во просториите на Државниот инспекторат за локална самоуправа Директорот на ДИЛС г-дин Сенад Амети заедно со инспекторката Мила Крекиќ остварија средба со Претседателката на Сојузот на Стопански комори, г-ѓа Данела Арсовска, на која се дискутираше за идните чекори кои ќе се превземат во поглед на градење на капацитетите на вработените во ДИЛС преку соодветни обуки кои ти организира ССК, како и формирање на формален канал на соработка преку кој ќе се врши проток на информации за прашања во врска со кои инспекторатот има овластување да постапува.

За Државниот инспекторат за локална самоуправа, ваквиот тип на соработка и вмрежување е од големо значење, бидејќи се зајакнува како инстититуција и ја зголемува својата видливост.