Месецот на хуманост

На ден 02.11.2020 година, Државниот инспекторат за локална самоуправа, со своја донација на храна и хигиенски средства, учествуваше во акцијата на општина Гази Баба – ,,Гази Баба се грижи”, по повод одбележување на месецот на хуманоста во општината.
Во оваа прилика, директорот на Државниот инспекторат за локална самоуправа пред присутните изјави:
,,Ми претставува огромна чест и задоволство што денеска имав можност да се приклучам на акцијата на општина Гази Баба.,,
Сметам дека ваквиот хуман пример треба да го следат и останатите општини во Република Северна Македонија, особено кога се наоѓаме во тешка состојба предизвикана од вирусот Ковид – 19. Да бидеме солидарно општество кое подеднакво се грижи за сите, без разлика на политичката, верската или национална определеност, токму затоа апелирам на што повеќе вакви примери на хуманост и сплотеност.
Голема благодарност до градоначалникот Борис Георгиевски на поканата и честитки за успешно реализираниот месец на хуманост во општината.”