Директорот Ферди Шабани на средба со Реисул Улема Х.Хфз. Шаќир Еф.Фетаи
Директорот на Државниот Инспекторат за Локална Самоуправа оствари средба со Реисул Улема Х. Шаќир Еф. Фетаи како и со директорот на Вакуф г. Фехми Ебиби.
На оваа средба се разговараше за можностите и плановите за понатамошна соработка за легализација на верските објекти во сите општини во државата.
Меѓу другото, Реисул Улема им се заблагодари на директорот и на инспекторите за нивната посета, придонесот и подготвеноста за соработка како институција во рамките на Министерството за Локална Самоуправа.