Директорот на ДИЛС, Ферди Шабани оствари работна средба со Претседателот на НBО Милениум, Таџедин Селими
Директорот на Државниот инспекторат за локална самоуправа, г-дин Ферди Шабани, денеска го пречека на работна средба Претседателот на Невладината Организација Милениум, г-дин Таџедин Селими.
На средбата, меѓу другото, се разговараше и за потребата од поактивна соработка помеѓу ДИЛС и Невладините Организации кои се занимаваат со прашањата поврзани со Локалната Самоуправа. Ваквата соработка би овозможила поефикасна работа на сите институционални нивоа.
Тема на средбата беше можната соработка меѓу двете страни како и заеднички активности на локално ниво помеѓу Невладината Организација Милениум и Државниот Инспекторат за Локална Самоуправа.