Вонреден инспекциски надзор во Oпштина Виница
Eкипа на инспектори од Државниот инспекторат за локална самоуправа на ден 05.04.2021 година извршија вонреден инспекциски надзор во општина Виница во согласност со месечниот и годишниот план на инспекциската служба.
Надзорот беше спроведен согласно начелата и одредбите од Законот на Државниот инспекторат за локална самоуправа, при што извршија надзор над прописите во општина Виница, бројот на одржани седници за оваа година и бројот на доставените службени гласници до ДИЛС.