Директорот на Државниот инспекторат за локална самоуправа присуствуваше на неколку дневна службена посета во Тирана каде што оствари неколку средби со одредени институции од локалната самоуправа на Република Албанија, и тоа:
– средба со заменик министерката за внатрешни работи на Република Албанија г-ѓа Ромина Куко, што воедно надлежност на истото министерство е и локална самоуправа на Република Албанија;
– средба со генералниот директор на Агенцијата за поддршка на локалната самоуправа на Република Албанија, г-дин Саимир Плаку;
– средба со директорката за мониторирање и координација на префектурата , г-ѓа. Алма Меле и префектот на околината на Тирана г-дин Мерсин Муратај како тело чија институционална активност е слична со онаа на ДИЛС;
– Средба со заменик-градоначалникот на Тирана, г-ѓа. Ануела Ристани;
– со извршниот директор на заедницата на општините на Република Албанија г-дин Агрон Хаџиѓамали;
– со претставници од Регионалниот Совет на градот Тирана.
Во фокус на овие средби како главна цел, ДИЛС има да во иднина да гради мостови на соработка помеѓу институциите од локалната самоуправа со земјите од регионот, особено во областа на мониторирање и вршење надзор над работата на општините односно законитоста на прописите донесени од страна на Советите на општините.