ДИЛС во соработка со ОБСЕ, реализираа дводневна студиска програма во Словенија
Државниот Инспекторат за Локална Самоуправа во соработка со ОБСЕ, реализираше дводневна студиска програма во Словенија. Целта на оваа програма беше да се овозможи размена на искуства и најдобри практики во јавната администрација и надзорот над локалната самоуправа, промовирајќи транспарентност и ефикасност на јавните услуги.
Првиот состанок на студиската програма се одржа во Министерството за локална самоуправа во Љубљана, каде претставниците на ОБСЕ заедно со Инспекторатот за локална самоуправа беа пречекани од претставници на партнерските Министерства за локална самоуправа и Министерството за јавна администрација.
За време на овој состанок, беа разменети искуства за извршување на надзор врз локалната самоуправа во Словенија и соработката помеѓу државните органи и општините.
Во овој контекст, в.д. директорката на Одделот за локална самоуправа, невладини организации и политички систем, г-ѓа. Матеја Прешерн, одржа презентација во која ги претстави областите на работа кои се под надлежност на Министерството за јавна администрација, истакнувајќи ја и реформата на платниот систем во јавниот сектор.
По дискусијата за функционирањето на системот на локална самоуправа во Словенија, кој беше презентиран од страна на раководителот на Секторот за локална самоуправа, д-р Роман Лавтар.
Презентација одржа и г-ѓа. Уршке Ремиц, која објасни проактивна соработка со општините и со асоцијациите на општини, кои исто така придонесуваат со редовни состаноци на работната група за локална самоуправа, која се води наизменично од министерот за јавна администрација, г. Франц Пропс, и Министерот за кохезија и регионален развој, д-р Александар Јевсек, и која е составена од претставници на раководствата на сите три репрезентативни здруженија на општини.
Претставниците на партнерските министерства, за време на првиот ден од посетата, размениле искуства за имплементацијата на надзорот врз локалната самоуправа, каде беше детално објаснет надзорот над законитоста на активностите на органите на општините во Словенија од страна на г-ѓа. Јуриј Мезек.
Вториот ден од студиската посета беше посветен на презентирање на искуствата на општините за соработката на општините со централната власт. Претставниците на ОБСЕ заедно со инспекторите, под водство на директорот на Инспекторатот за локална самоуправа, г. Хаќим Рамадани, ја посетиле Општината Медводе, каде беа пречекани од Градоначалникот на Општината, г. Нејц Смоле, кој исто така е и потпретседател на Здружението на општини на Словенија.
За време на разговорот, беа дискутирани ставовите на општините за соработката со Министерството за јавна администрација и со соодветните државни институции, како и за идната соработка и преносот на најдобрите практики во областа на локалната самоуправа во Северна Македонија.
Оваа студиска програма беше многу корисна за инспекторите, како и за учење повеќе, за најнапредните практики во локалното управување и за зголемување на нивните капацитети за надзор над јавната администрација. Исто така, претставува важен чекор за зајакнување на меѓународната соработка и подигање на стандардите на локалната самоуправа во Северна Македонија, придонесувајќи за подобрување на транспарентноста и ефикасноста на јавните услуги.