Директорот на ДИЛС, г-дин Хаќим Рамадани оствари средба со Министерот за локална самоуправа г-дин Златко Перински
Директорот на Државниот Инспекторатот за Локална Самоуправа г-дин Хаќим Рамадани оствари средба со Министерот за Локална Самоуправа г-дин Златко Перински.
Министерот Перински му честиташе на г. Рамадани за функцијата и изрази желба за успешна работа во исполнувањето на обврските на Инспекторатот.
На средбата се разговараше за досегашната соработка и заедничките активности на двете институции и договорија продлабочување на заедничкото делување во рамките на ингеренциите.