Директорот на Државниот Инспекторат за Локална Самоуправа, г-дин Ферди Шабани, оствари работна средба со Министерот за локална самоуправа г-дин Ристо Пенов
Директорот на Државниот Инспекторат за Локална Самоуправа, г-дин Ферди Шабани во просториите на Министерството за локална самоуправа заедно со инспекторите и неговиот кабинет, оствари работна средба каде што се сретна со Министерот за Локалана Самоуправа г-дин Ристо Пенов, со цел продолжување на добрата соработка помеѓу Министерството и Инспекторатот.
На оваа средба беа дискутирани идните планови и активности кои Министерството за локална самоуправа ќе ги превземе во соработка со Државниот Инспекторат за Локална Самоуправа.