Државниот инспекторат за локална самоуправа доби плус еден Инспектор
Од 06.05.2021 година, Државниот инспекторат за локална самоуправа – сектор за инспекциски надзор, се здоби со уште еден инспектор, односно вработената Илина Трајановска, која по една година обука во соодветниот сектор во ДИЛС, од Инспекциски совет на Република Северна Македонија и официјално доби статус на лиценциран инспектор.
Илина Трајановска е магистер по правни науки, која има положено и правосуден испит на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Правен факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. По стекнување со лиценца, горенаведената вработена ќе му помогне на Државниот инспекторат за локална самоуправа да се развие со нов кадар во секторот за инспекциски надзор, имајќи го предвид фактот дека во моментов инспекторатот има само 3 (тројца) инспектори кои вршат надзор над законитоста на прописите, одлуки донесени од Советите на општините на целата територија на Република Северна Македонија.