Иницирање на соработка помеѓу ДИЛС и ИСРСМ
Денес директорот на Државниот инспекторат за локална самоуправа г-дин Сенад Амети, оствари средба со директорот на Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија, г-дин Џеват Кицара, кој информираше за активностите и процесот на стандардизација.
Соработката помеѓу ДИЛС и ИСРСМ во областа на стандардизацијата беше во фокусот на денешната средба со директорот на Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија. Директорот Сенад Амети заедно со директорот Кицара, се согласија за понатамошна посветеност и интензивирање на соработката помеѓу двете институции.