УНДП работилница за изготвување Стратегијата за ДИЛС 2020-2025
На 19.12.2019 година Државниот инспекторат за локална самоуправа со поддршка на УНДП ја одржа првата работилница за изготвување на Стратегијата за ДИЛС 2020-2025.На работилницата присуствуваше директорот Сеад Садикоски, инспекторите и дел од вработените кои дискутираа за перспективите, јаките страни, можностите, но и за слабите страни на институцијата.ДИЛС како единствена и уникатна институција во регионот, но и пошироко, е модел кој треба да се дооформи и доразвие, за да биде пример на функционална институција која треба да биде регионален лидер во областа на надзорот над единиците на локалната самоуправа.
Со тоа и услугите на ЕЛС кон граѓаните ќе бидат на позадоволително ниво.А токму тоа е целта на стратегијата и на досегашниот ангажман на директорот Садикоски и неговиот кабинет.