Работна средба со Вицепремиерката, Славица Герковска
Директорот на Државниот инспекторат за локална самоуправа, Ферди Шабани, оствари работна средба со заменик претседателот на Владата на РСМ задолжен за политики за добро владеење, Славица Герковска, како и со претставници од сите Државни Инспекторати и од Инспекцискиот совет. На оваа средба се разговараше за динамиката со која се одвива дигитализацијата на инспекциската постапка, преку која значително се отстранува субјективниот фактор, со што се намалуваат ризиците од корупција во инспекциските надзори. Како и на средбата, тема на разговор беше дека инспекторатите кои се уште не се дел од Е-инспекторот добија инструкции да ги направат сите неопходни подготовки за почитување на дефинираната динамика.