Работна средба во Општина Петровец
Директорот на Државниот инспекторат за локална самоуправа Ферди Шабани заедно со инспекторот Рахим Муслиу и шефот на кабинетот на директорот, Селма Хелшани одржаа работна средба во општина Петровeц.
Во седиштето на општина Петровец, каде што беа примени од градоначалникот на општина Петровец, г-дин Борче Митевски, заменик градоначалникот, г-дин Елми Kерими и секретарот на општината, г-дин Зоран Велковски.
На средбата се разговараше за натамошната соработка меѓу општина Петровец и Државниот инспекторат за локална самоуправа.