Програма организирана од ОБСЕ за унапредување на улогата на ДИЛС
Државниот Инспекторат за Локална Самоуправа во соработка со претставници на ОБСЕ, претставникот на Министерството за Локална Самоуправа и претставници на општините се одржаа работилница на која главна тема беше „Унапредување на улогата на Државниот Инспекторат за Локална Самоуправа.Работилницата беше организирана на три различни места, поделувајќи ги општините врз основа на регионите на кои припаѓаат.
Првата работилница се одржа во Скопје на 20.11.2023 година, на кој учествуваа скопскиот регион и североисточниот регион.Потоа на 21.11.2023 година се одржа во Тетово, каде на оваа работилница учествуваа полошкиот регион, југозападен регион и пелагонски регион, додека на 22.11.2023 година се одржа во Штип, каде што источниот регион, вардарски регион како и југоисточниот регион.
На овие работилници се разговараше за улогата на Државниот Инспекторат за Локална Самоуправа како и за промовирање на оваа институција, бидејќи оваа институција е модел кој треба да се дооформи и доразвие, за да биде пример на функционална институција која треба да биде регионален лидер во областа на надзорот над единиците на локалната самоуправа.
Државниот Инспекторат за Локална Самоуправа како секогаш и до сега, така и во иднина, ве уверуваме дека ќе соработуваме на високо ниво со претставниците на општините и ќе постапуваме превентивно да не се прават грешки или пропусти по донесување на прописите од страна на единиците на локална самоуправа.
Посебна благодарност за поддршката и во минатото и во овој проект до претставниците на ОБСЕ за успешната соработка и се надеваме дека и во иднина ќе реализираме заеднички проекти за зголемување на капацитетите на единиците на локалната самоуправа кои се занимаваат со подготовка на материјали за советите на општините како и подигање на капацитетите на членовите на советите на општините.
Во оваа работилница претставниците на општините разменија мислења, предлози и конкретни сугестии кои ќе помогнат за измена на Законот за Локална Самоуправа.