В.д Директорот на ДИЛС г-дин Сенад Амети на средба со Министерот за локална самоуправа

На ден 02.12.2020 ново именуваниот в.д директор на Државниот инспекторат за локална самоуправа, г-дин Сенад Амети во просториите на Министерството за локална самоуправа оствари работна средба, на која се запозна со Министерот м-р Горан Милевски, со цел продолжување на добрата соработка помеѓу Министерството и Инспекторатот. На оваа средба беа дискутирани идните планови и активности кои Инспекторатот ќе ги превземе во соработка со Министерството за локална самоуправа.