Меморандум за соработка помеѓу ДИЛС и Полио Плус
Директорот на Државниот инспекторат за локална самоуправа, беше присустен во просториите на “Полио Плус” за да потпишува меморандум за соработка која важи за граѓанска организација која се ангажира за остварување на човекови права и слободи на хендикепирани лица.
Надлежност на Државниот инспекторат за локална самоуправа е вршење надзор над законитоста на прописите донесени од страна на советите на општините и постапката за нивно донесување.
Нашето постапување како инспекциска служба, согласно член 6 од законот на ДИЛС, е во согласност со законот, уставот и меѓународните договори како што е и Конвенцијата за правата на лицата со попреченост и почитување на општите начела од истата конвенција.
Со цел да се промовира еднаквост и да се елеминира дискриминацијата, ДИЛС ќе се залага целосно да извршените надзори над донесените прописи од страна на советите на општините, задолжително истите донесени прописи да бидат во согласност со Конвенцијата за правата на лицата со попреченост се со цел, лицата со попреченост да имаат можност да бидат заштитени и да им се обезбедат целосно уживање на човековите права, основните слободи, еднакви можности и учество во сите општествени процеси.
Сите ние имаме обврска да бидеме пред се луѓе, хумани, да си се помагаме и да не дозволиме да имаме меѓу нас категорија на маргинализирани граѓани во едно општество.