Вонреден инспекциски надзор во општините Липково, Бутел и Старо Нагоричане
Инспекторите во присуство на В.Д Директорот г-дин Сенад Амети од Државниот инспекторат за локална самоуправа, денес 13.01.2021 вршеа вонреден инспекциски надзор во општините Липково, Бутел и Старо Нагоричане.
Се изврши превентивен увид во работата на овие три општини и се дадоа насоки за подобрено работење во иднина.
Државниот инспекторат за локална самоуправа, почетокот на новата година ја започнува со надзори на терен и во иднина ќе се продолжи со ваквата пракса, со крајна цел подобрено работење на општините.