Директорот на ДИЛС, Хаќим Рамадани оствари средба со директорот на НДИ,Роберт Скот Хајзлет

Директорот на Државниот Инспекторат за Локална Самоуправа, г-дин Хаќим Рамадани, оствари работна средба со директорот на Националниот демократски институт за меѓународни работи (НДИ) во Македонија, г-дин Роберт Скот Хајзлет.
Тема на средбата беше продолжување на соработката помеѓу НДИ и ДИЛС во проектите кои ќе започнат од почетокот на следниот месец, како и други активности за подобрување на квалитетот на општинските услуги во корист на граѓаните.