ДИЛС на состанок со ИСИЕ
Преставниците на Државниот инспекторат за локална самоуправа, предводени од директорот Сеад Садикоски одржаа работен состанок со преставниците на
Институтот за стратешки истражувања и едукација, проф. д-р Ивана Шуманова Спасовска и проф. д-р Дарко Спасевски.
Директорот Садикоски ги запозна присутните со мандатот на ДИЛС, законските надлежности, досегашните активности, како и со плановите за развивање на инспекторатот во иднина.
Преставниците на ИСИЕ информираа за спроведувањето на нивниот проект „Поттикнување на граѓанскиот активизам за следење и известување на незаконито постапување на локалната самоуправа“ (Boosting Citizens’ Activism to Monitor and Report Unlawful Conduct of Local Administration), кој е поддржан од Амбасадата на САД во Република Северна Македонија. Во оваа фаза на спроведување на проектот, се спроведува мониторинг на работата на 25 локални институции во 5 оштини во нашата држава. Во рамките на проектот планирани се и додатни обуки за административците од ЕЛС.
На крајот од состанокот беше заклучено дека постои простор за соработка на ДИЛС и ИСИЕ во рамките на овој проект, но и во иднина за други проекти на слична тема, а за таа цел наскоро ќе се пристапи и со потпишување на меморандум за соработка помеѓу двата субјекта.