ДИЛС изврши вонреден инспекциски надзор во Општина Могила
Инспекторатот за локална самоуправа на 23.03.2021 година, изврши вонредна контрола во Општина Могила. Во согласност со годишниот и месечниот план за работа на инспекциската служба, инспекторите извршија вонреден инспекциски надзор во општина Могила, каде што остварија средба со Г-ѓа Јасмина Гулевска- Градоначалник и Г-дин Александар Јанкуловски-Претседател на советот.
Државниот инспекторат за локална самоуправа ги обврза и во иднина да продолжат со работа според законот и да ги испраќаат објавените службени гласници до Државниот инспекторат за локална самоуправа и им даде насоки за понатамошното работење.