Вонреден надзор во Општина Гостивар
На ден 28 јануари 2021 година, извршен е вонреден инспекцицки надзор, од виш инспекторт од Државниот инспекторат за локална самоуправа во согласност со годишниот и месечниот план за работа на Државниот Инспекторат за Локална Самоуправа. Во канцелариите на градоначалникот на Гостивар во општина Гостивар, инспекторот оствари средба со градоначалникот на Гостивар г. Арбен Таравари.Во овој вонреден надзор, со претставниците на Општина Гостивар зборуваа за досегашната соработка и беше заклучено дека Општина Гостивар на време и во предвидениот рок предвиден со закон ги испраќаaт објавените службени гласници до надлежното министерство, соодветно до Државната Инспекторат за Локална Самоуправа. Државниот Инспекторат за Локална Самоуправа ги обврза и во иднина да продолжат со истиот принцип на работа и им даде насоки за понатамошното работење.