Вонреден надзор во Општина Врапчиште
Инспекторите од Државниот инспекторат за локална самоуправа , денес на 17.05.2021 година извршија Вонреден надзор во општина Врапчиште.
Надзорот беше извршен врз основа на иницијатива покрената од Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција.
Присутни на овој инспекциски надзор беа градоначалникот на општината, и претставници на општина Врапчиште кои беа запознати со предметот на надзор.
Иницијативата на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција за спроведување на Вонреден инспекциски надзор од страна на Државниот инспекторат за локална самоуправа , беше во врска со работата на општинскиот совет и вклученоста на општинскиот совет во одлуките донесени за 7-те катастарски парцели во с. Врапчиште.
Во текот на надзорот , Државниот инспекторат за локална самоуправа постапува согласно своите надлежности, во согласност со Законот за локална самоуправа, Законот за државниот инспекторат за локална самоуправа и Законот за инспекциски надзор.