Вонреден инспекциски надзор во Општина Илинден
Виш инспекторот од Државниот Инспекторат за Локална Самоуправа на ден 11 Март 2021 година, изврши вонреден инспекциски надзор, во согласност со годишниот и месечниот план за работа на Државниот Инспекторат за Локална Самоуправа, во канцелариите во Општина Илинден. Од извршениот вонреден надзор, со претставниците на Општина Илинден се зборуваше за досегашната соработка и беше заклучено дека Општина Илинден на време и во предвидениот рок предвиден со закон ги испраќаaт објавените службени гласници до Државниот Инспекторат за Локална Самоуправа.