Вонреден инспекциски надзор во Општина Радовиш и Oпштина Конче
На ден 24 февруари 2021 година, инспекторот од Државниот Инспекторат за Локална Самоуправа во согласност со годишниот и месечниот план за работа на Државниот Инспекторат за Локална Самоуправа, изврши вонредни контроли во Општина Радовиш и Општина Конче. Инспекторот во Општина Радовиш оствари средба со Раководителот на сектор за нормативно-правни прашања г-ѓа Оливера Долдурова, и исто така во Општина Конче оствари средба со Градоначалникот г-дин Благој Илиев и Раководителот на сектор за нормативно- правни прашања г-ѓа. Тинка Ангелова. Од извршениот вонреден надзор, се утврди дека и двете Општини навреме и во рокот предвиден со закон ги испраќаат објавените службени гласници , до Државниот Инспекторат за Локална Самоуправа.