Консултативен форум со градоначалниците

На 13 декември 2019 година во Скопје се одржа Консултативен форум со градоначалниците за оценка на имплементацијата на Законот за локална самоуправа, во организација на Министерството за локална самоуправа и ОБСЕ. Форумот го отворија заменикот министер на Министерството за локална самоуправа, г-дин Дејан Павлески, и Амбасадорот на ОБСЕ, г-дин Клеменс Која. Тие во своите воведни обраќања констатираа дека очекувањата од овој процес се да даде придонес и насоки за обезбедување на услови за одржливи, ефективни и ефикасни општини, исклучиво во служба на граѓаните. Форумот го водеше г-дин Мемет Мемети, Национален експерт за локална самоуправа, а присутните градоначалници зедоа активно учество со своите коментари и забелешки.