Директорот г.Хаќим Рамадани оствари работна средба со г.Дејвид Сип, НДИ

Директорот на Државниот инспекторат за локална самоуправа, г.Хаќим Рамадани оствари работна средба со г.Дејвид Сип, виш резидентен директор на проектот „Зајакнување на отпорноста на корупција“ од Националниот демократски институт (НДИ) во земјава.
На состанокот се разговараше за можностите за соработка и заедничко делување во борбата против корупцијата.
Двете институции изразија подготвеност за интензивирање на соработката и заедничко делување во насока на зајакнување на отпорноста на корупција.
Проектот е поддржан од Швајцарската програма за соработка и од Шведската агенција за развој (СИДА).