Директорот на ДИЛС, г. Хаќим Рамадани оствари средба со Националната координаторка за локална самоуправа, г-ѓа Лилјана Затуроска

Директорот на Државниот инспекторат за локална самоуправа, г. Хаќим Рамадани, оствари средба со Националната координаторка за локална самоуправа во Владата на Република Северна Македонија, г-ѓа Лилјана Затуроска.
На оваа средба се разговараше за можностите за соработка и заедничко дејствување во насока на зајакнување на интегритетот и транспарентноста на локалните самоуправи истотака се разговараше и за контекстот на тоа каква улога и значење имаат локалните инспекторати во спроведувањето на законодавството, ефикасноста, објективноста и независноста на нивните процедури, како и потребата за зајакнување на професионалниот кадар.
Двете страни ја изразија својата подготвеност за интензивирање на соработката и за споделување на најдобрите пракси во управувањето со локалните власти. Оваа средба претставува важен чекор кон подобрување на локалната самоуправа и зајакнување на капацитетите на локалните институции.