Вонреден инспекциски надзор во Општина Велес и Општина Чашка
На ден 22.02.2021 година, инспекторите од Државниот инспекторат за локална самоуправа согласно месечниот и годишниот план за работа на инспекциската служба извршија вонреден инспекциски надзор во Општина Велес и Општина Чашка.
Kаде што остварија средба со градоначалникот на Велес Г-дин Аце Коцевски и исто така во општина Чашка остварија средба со гардоначалникот на општина Чашка Г-дин Горан Стојанаовски. Од извршениот вонреден надзор, се утврди дека двете општини навремено и во рокот предвиден со закон ги испраќаат службените гласници објавени до надлежното министерство, соодветно до Државниот инспекторат за локална самоуправа.
Државниот инспекторат за локална самоуправа ги обврза и во иднина да продолжат со истиот принцип на работа и им даде насоки за понатамошното работење.