Вонреден инспекциски надзор во Општина Струга
Инспекторите од Државниот инспекторат за локална самоуправа на ден 02.06.2021 година извршија Вонреден инспекциски надзор врз основа на претставка добиена од страна на кабинетот на заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања , координација со економски ресори и инвестиции.
Во текот на надзорот инспекторите постапуваа согласно надлежностите кои ги поседуваат, вршење надзор на законитоста на прописите на општините, како и постапката за нивното донесување утврдени со Законот за Инспекциски надзор, Законот за Локална самоуправа и Законот за Државниот инспекторат за локална самоуправа.