Хаќим Рамадани денес и официјално ја превзеде должноста да раководи со Државниот Инспекторат за локална самоуправа

Денес во просториите на Државниот инспекторат за локална самоуправа, директорот во заминување, г-дин Ферди Шабани изврши примо-предавање на должноста со новоназначениот в.д директор, г-дин Хаќим Рамадани, при што го запозна со работата на институцијата, постигнувањата во текот на неговиот мандат, вработените, како и со предизвиците на институцијата со кои ќе се соочува во идниот период.

За време на мандатот на директорот Шабани институцијата дополнително се развиваше и се подобрија условите за работа.Покрај персоналот, што резултираше со зголемен број на посети на Општините и Општинските совети при инспекцискиот надзор.

Интензивна соработка беше остварена со ОБСЕ и УНДП, каде што беа реализирани две колаборативни работилници со ОБСЕ.

Исто така, директорот Хаќим Рамадани вети дека ќе биде транспарентен и дека ќе соработува со досегашниот тим.

Во иднина останува простор за развивање и унапредување на институцијата, на нејзините законски надлежности, што претставува голем предизвик за новиот в.д директор г-дин Хаќим Рамадани.