Директорот на Државниот Инспекторат за Локална Самоуправа г.Хаќим Рамадани оствари официјална средба со градоначалникот на Општина Чаир г.Висар Ганиу

Директорот на Државниот Инспекторат за Локална Самоуправа г-дин Хаќим Рамадани, заедно со своите соработници, оствари официјална средба со градоначалникот на Општина Чаир, г. Висар Ганиу, како и со претседателот на Советот на Општината, г. Јетмир Асани.

На средбата, меѓу другото, се разговараше и за подигнувањето на нивото на контролните и инспекциските надзори, како и за планот дека во соработка со колегите ќе се ангажираме за реорганизација, подобрување и зголемување на квалитетот и ефективноста, оценување на квалитетот на процесот во локалната самоуправа како и контрола во согласност со законите и прописите на институцијата.

На крајот од средбата се договорија за зајакнување на соработката во политиките за добро владеење на локално ниво, како и на централно ниво.

За време на оваа посета, директорот на Државниот инспекторат за локална самоуправа, г-дин Хаќим Рамадани, беше почестен со плакета од Ѓерѓ Кастриот-Скендербег од страна на градоначалникот на Општина Чаир, г-дин Висар Ганиу.