Hеколкудневна службена посета во Босна и Херцеговина

Во рамките на неколку дневната службена посета на Босна и Херцеговина, претставници на Државниот инспекторат за локална самоуправа, , оствари средби со високи преставници на локалната и кантоналната власт.

На 13.09.2019. се оствари средба со Драгана Солаковиќ, помошник градоначалник за локална самоуправа и развој. На состанокот, директорот на Државниот инспекторат за локална самоуправа ја претстави работата на инспекторатот како независна институција при Владата на Република Северна Македонија, во чија надлежност е надзорот над законитоста на работењето и донесувањето на одлуките од страна на општинските совети. Тој исто така говореше и за процесот на успешна децентрализација во Република Северна Македонија, како еден од најдобрите и најфункционални примери во регионот на Западен Балкан, истакнувајќи дека одрени општини се веќе на прагот од започнувањето на третата фаза на децентрализација.

Госпоѓата Солаковиќ говореше за состојбата и работата на општината Град Сараево, и за сите предизвици со кои тие се соочуваат, меѓу кои и не постоењето на Закон за Град Сараево, со кој би се утврдиле ингеренциите на истиот. Оттука, се согледува и разликата помеѓу гоелемите ингеренции на Град Скопје во однос на ингеренциите Град Сараево кои се сведени на протоколарни должности.

На крајот на состанокот беше заклучено дека со децентрализацијата, работата на единиците на локалната самоуправа во Р.Северна Македонија е далеку поунапредена, дека ДИЛС е значајна и функционална институција која недостасува во БиХ и дека ДИЛС во иднина стои на располагање за размена на експертски искуства во оваа насока.