Вонреден инспекциски надзор во Општина Брвеница и Тетово

На ден 25.01.2021 година, инспекторите од Државниот инспекторат за локална самоуправа согласно месечниот и годишниот план за работа на инспекциската служба извршија вонреден инспекциски надзор во општините од Полошкиот регион, Брвеница и Тетово, каде што остварија средба со градоначалникот на Брвеница г-дин Енвер Пајазити и исто така во општина Тетово остварија средба со претседателот на советот на  општина Тетово г-дин Беким Мемеди и секретарот на општината Тетово г-ѓа Славица Серафимовска.

Од извршениот вонреден надзор, се утврди дека двете општини навремено и во рокот предвиден со закон ги испраќаат објавените службените гласници  до надлежното министерство, соодветно до Државниот инспекторат за локална самоуправа.

Државниот инспекторат за локална самоуправа ги обврза и во иднина да продолжат со истиот принцип на работа и им даде насоки за понатамошното работење.