Инспекциски надзор во Општина Крива Паланка

Инпсекторот од  Државниот инспекторат за локална самоуправа на ден 16.03.2021, изврши вонреден инспекциски надзор  во седиштето на општина Крива Паланка, во согласност со годишниот и месечниот план за работа на Државниот инспекторат за локална   самоуправа.

Државниот инспекторат за локална  самоуправа постапува согласно надлежностите кои ги поседува, вршење надзор над законитоста на  прописите на Општините како и постапката за нивното донесување, утврдени со Законот за Државниот инспекторат за локална самоуправа.

Со извршениот увид во работата на општина Крива Паланка, се констатираше дека Општината ги почитува одредбите од наведените Закони, како и законски определените рокови за доставување на службени гласници до Државниот  инспекторат за локална самоуправa, кои се предмет на редовни надзори, и  не беше воочен пропуст во работата на Oпштината.