Директорот на Државниот инспекторат за локална самоуправа, Африм Ќоку, оствари работна средба со вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Герковска

Директорот на Државниот инспекторат за локална самоуправа, Африм Ќоку, оствари работна средба со вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Герковска.
На средбата се разговараше за потребата од поголема меѓуинституционална координација, која би овозможила поефикасна работа во сите институции.
Се разговараше за предизвиците со кои се соочува институцијата во однос на доследно спроведување на законите за Државниот инспекторат за локална самоуправа и Советот на инспекторати.
Ефикасната работа на Државниот инспекторат за локална самоуправа има особено важна улога во обезбедувањето на ефикасна децентрализација на управувањето, како и во соработката меѓу централната и локалната власт.