‘’Денот на проширување’’ на Европската Унија

 Директорот на Државниот инспекторат за локална самоуправа, Сеад Садикоски, зеде учество на пленарната сесија на ‘’Денот на проширување’’ на Европската Унија во рамките на тродневната работна посета на Брисел.На пленарната сесија учествуваа и министерот за локална самоуправа, Сухејљ Фазлиу, градоначалникот на град Скопје и претседател на ЗЕЛС, Петре Шилегов, заедно со градоначалниците на 11 општини.На состанокот беа споделени искуства и добри пракси во областа на регионалната политика и територијалната соработка. Директорот на Комитетот на региони на ЕУ меѓу другото ја најави својата посета на Република Северна Македонија во септември.